Драги студенти, чест ни е да Ве поканeме во CodeChem на еден интересен настан т.н. Open Day. Целта на овој настан е да се запознаеме и научиме нешто ново.

  • 14.05.2022
  •  Software engineering
  •  IoT/Embedded engineering

 

 

Накратко, Open Day е традиција во CodeChem која се одржува четврта година по ред и е одлична можност за сите студенти кои:

  •  се во потрага по пракса, а по завршувањето на праксата и вработување и
  •  посакуваат мотивирачка средина каде можат да унапредуваат секој ден и да се изградат како добри инженери.

Во склоп на Open Day, воедно и најважен сегмент, имаме работилницата. Тимски и со помош на ментори ќе се гради дел од апликација. Целта на работилницата е кандидатите на поопуштен и позабавен начин да го поминат процесот на интервјуирање и да започнат со нашата програма за пракса - Boost Internship Program.
Fun fact: сите студенти кои ја започнаа својата пракса во CodeChem се до ден денес наши колеги и добри инженери. Формата за пријавување: https://forms.gle/uMduvuQN4NYJUAdk9
Повеќе детали за Open Day и програмата за пракса можете да прочитате тука: openday.codechem.com/
Доколку имате било какви прашања слободно пишете ни.

За CodeChem:
CodeChem е софтверска компанија основана во Скопје. Преку уникатен пристап кон работата со софтвер и креативни умови придонесуваме во градење на проекти во најголемите индустрии во светот. Нашите луѓе го подобруваат начинот на живот и начинот на работење во светот на бојата, агрономијата, дигиталното издаваштво, транспортот, животното осигурување, климатизацијата, музиката и многу други индустрии. CodeChem е место каде луѓето се инспирирани и секогаш се трудат да бидат најдобрата верзија од себе и да му помогнат на другите да го постигнат истото. Секогаш се стремат да ги надминат сопствените успеси, да го споделат наученото и заедно да бидат на самиот раб на индустријата. Предизвикувачките и квалитетни проекти, најсовремените технологии, долгорочните партнерства и највисока ретенција на вработени на балканот се само дел од работите по кои се издвојува CodeChem од другите компании, а сето тоа се должи на луѓето, нивната грижа за заедничко подобрување, и уникатната култура кои тие ја создаваат и негуваат. Тие се главната причина зошто дури и најкомплексните проблеми во CodeChem се лесно надминливи

1