Ве покануваме да бидете дел од третиот „Хакатон за отворени податоци “кој ќе се одржи од 24 до 27 март 2022 година, со физичко присуство во хотел Панорамика, Скопје.

 

 

1.       Што е Хакатон за отворени податоци?

Хакатонот за отворени податоци е 4-дневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение што ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел на Хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.

 

2.       Кој има право на учество?

Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап компании од областа на IT. Неопходно е членовите на секој тим да имаат знаења од програмирање, дизајн, економија, маркетинг и слично. Еден тим може да има најмалку тројца членови, а најмногу осумЕдно претпријатие (*стартап компанија) може да пријави само 1 тим.

 

*Стартап компанија е претпријатие кое не е постаро од 6 години, кое има или сè уште работи на развивање на иновативен производ или услуга и се наоѓа во рана инвестициона фаза

 

3.       Награден фонд за победникот?

Победникот на Хакатонот ќе добие фонд од 3.000 долари, средства наменети за комплетирање на демо верзијата во функционална апликација.

 

4.       Регистрација на учесници

 

Пријавувањето на тимовите е отворено до 23 март, 2022 година, 12:00 часот. Регистрацијата е на следниов линк, а формуларот го пополнува тим лидерот.

 

5.       Прашања и одговори?

Вашите прашања може да ги испратите на 

; најдоцна до 20 март, 2022 година.

Подетални информации поврзани со „Хакатон за отворени податоци“ се достапни во следниов документ.

 

Пријавете се!

1