Во соработка со AIM Professionals ја објавуваме следната
летна пракса за роботика и мехатроника (програмирање на индустриски роботи)
Преку овaa двомесечнa менторскa обука ќе се стекнете со следните компетенции:
· Компетитивни знаења за технологии за програмирање на индустриски роботи во повеќе платформи: Ladder Logic, LabView, итн.
· Основи на Multi Access CNC програмирање
· Работа на реални роботи во посебна околина за тренирање во симулациска соба
· Практичен тренинг “on-the-factory-floor” во реални производни погони со нова технологија
· Стекнување со вештини кои се корисни за работа во повеќе функционални тимови (cross-functional teams)
Пратете ни ваше CV со назнака “Пракса за роботика и мехатроника”, на Е-МАИЛ адресата jobs@sorsix.com доколку:
· Студентската 2020/2021 година Ви е завршна година на студии (3 годишни или 4 годишни студии)
· Одлично разбирате, читате и зборувате англиски јазик
· Имате желба за постојано усовршување преку работа во тим
· Имате високо ниво на одговорност и тенденција за завршување на обврските
* По успешно завршување на праксата и обуките на најдобрите кандидати ќе добијат можност за вработување
ПРИЈАВУВАЊЕ НАЈДОЦНА ДО 18.07.2021