thumbnail_hackathon_banner.jpg

ШТО Е ХАКАТОН ЗА ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ?

Фондацијата за интернет и општество - Метаморфозис во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за првпат организира онлајн Хакатон за отворени податоци. Oвој четири дневен предизвик  има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо иновативни решенија со кои треба да ги доближат отворените податоци објавени од државните институции до граѓаните.

 

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?

На настанот може да се пријават суденти и стартап компании како тимови кои имаат пасија да работат со обработка и прикажување на отворени податоци од различни области. Потребно е секој тим да биде составен од членови кои имаат познавања во развој на веб и/или мобилни апликации, графички дизајн и UX,  економија, бизнис и маркетинг. Тимовите треба да имаат минимум тројца членови и еден тим лидер.

 

КОГА И КАДЕ СЕ СЛУЧУВА?

Хакатонот за отворени податоци ќе се одржи од 17 до 20 мај 2021 година, а ќе се случува онлајн. Пријавувањето на тимовите ќе трае до 14-ти мај, 2021 година, 16:00 часот. Регистрацијата е на [следниот линк], а формуларот во име на тимот го пополнува тим лидерот.

Пријавените учесници ќе имаат можност да се запознаат со деталите и концептот на предизвикот на 17-ти мај, 2021 година на самиот почеток на хакатонот. Ветуваме дека нема да има големи изненадувања.

Работен јазик на Хакатонот е македонски.

 

НАГРАДА?

Најдобро пласираниот тим според гласањето на жирито составено од пет членови ќе добие 3 000 долари со кои треба своето демо решение да го надгради во функционална апликација која несомнено ќе може да се пофалат во своето портфолио.

 

Доколку имате дополнителни прашања или нејаснотии пишете на hakaton@metamorphosis.org.mk

0