ФИНКИ, во рамки на предметот Медиуми и Комуникации, заедно со Факултетот за Драмски уметности ќе бидат домаќини на Шин Блум (Sean Bloom) и Марци Кампос (Martzi Campos) од Универзитетот на Јужна Калифорнија, кои ќе одржат отворени онлајн предавања на тема на дизајн на игри.
Шин Блум и Марци Кампос се експерти од Лабораторијата за игри при Факултетот за драмски уметности од Универзитетот на Јужна Калифорнија, а нивното гостување е со поддршка на American Film Showcase и амбасадата на САД во Р.С. Македонија. Тие ќе зборуваат за креирање на карактери во игри, развој на нивоа во игри и раскажување на приказни преку игри. Фокус ќе биде ставен на игри што креираат позитивен општествен импакт.
American Film Showcase е дел од голем број наградувани документарни и независни филмови во изминатите години.
Датумите на предавањата се вторник 13 април и вторник 20 април. Предавањата почнуваат во 19:00 часот по македонско време и можат да се следат на следните линкови:
Предавање вторник 13 април, 19 часот
Предавање вторник 20 април, 19 часот
Двете предавања ќе се одржат преку ZOOM платформата.
Meeting ID: 388 998 2398
Passcode: 332211