Денешниот ден пред точно десет години беше почеток на едно огромно патување кое сеуште трае. На овој ден се одржа првиот Наставно-научен совет на професорите при новоформираниот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. ФИНКИ е резултат на залагањата на сите професори, асистенти и вработени кои неизмерно секојдневно го пренесуваат своето знаење и со тоа придонесуваат нашиот факултет да расте и да успева. Низ ова десетгодишно патување факултетот прерасна во еден од водечките факултети во државата.
Столбот на кој се гради ФИНКИ беа и секогаш ќе бидат студентите. Голема е честа кога најмногубројни и најдобри студенти ќе го изберат токму ФИНКИ како еден од битните чекори во својот животен пат. Уште поголемо задоволство е кога ќе се гледаат нашите дипломци како понатаму успеваат во науката и индустријата, општеството. Бескрајна благодарност до сите вас кои ни верувате и до сите професори кои се или биле дел од нашиот кадар.
Се надеваме дека овој ден ќе го прославиме сите заедно во блиска иднина, кога нештата ќе се вратат во нормала.