Компанијата Loka (loka.com) ја објавува својата трета ML пракса за студентите на Финки. Нудиме интересни предизвици од полето на Machine Learning, Data Analysis, Data Mining и Data Processing. Очекуваме студенти кои се заинтересирани да работат со големи податоци и кои сакаат да научат како да користат некои од следните алатки: TensorFlow, Beam, Spark, Flink, Airflow, Docker, Kubernetes, KubeFlow, MLFlow, како и некои од Cloud платформите, како AWS, GCP и Azure. Ќе бидете вклучени во изработка на проект за третата генерација практиканти, од почеток до крај - анализа на податоците, креирање модел, прием на податоци, податочен pipeline, сервирање на модел и клиентска апликација.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на следниот email: hristina@loka.com