Иницијативата „IT4Charity” повторно го обединува ИТ секторот со најава за својот втор хуманитарен музички настан, кој ќе се одржи на 27-ми ноември во City Hall Скопје со почеток во 20:00 часот. Сите собрани средства донирани пред и за време на настанот ќе бидат наменети за СОС Детско село, кое годинава одбележува 18 години постоење и успешна работа.

Овој настан е несекојдневна можност да се покаже грижата за општеството од страна на ИТ компаниите и луѓето кои работат во неа, и можност за нивно дружење во неформална и релаксирана атмосфера. За забавата ќе се погрижат 2Exit со Нина и DJ Боби. Оваа година горди организатои на настанот се компаниите Slice и Codeflair на кои им се придружија и низа други компании, како поддржувачи на #IT4Charity2019 иницијативата, со директна донација на жиро сметката на СОС Детско село.

Дел од прометот направен за време на одржување на настанот исто така ќе биде одвоен како донација, а дополнително, присутните ќе имаат можност на самото место да донираат во кутиите кои ќе бидат поставени за таа намена.

СОС Детско село е меѓународна непрофитна организација за социјална заштита, посветена на заштита и примена на детските права, која дава поддршка на децата во социјален ризик, особено на оние без родители и родителска грижа и оние кои се во најголем ризик да ја загубат грижата од своите семејства.

Влезот е слободен за сите хумани граѓани кои сакаат да дадат свој придонес за повисока општествена цел и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно. 

Повеќе информации можете да најдете на официјалната Facebook страна на настанот https://www.facebook.com/events/2283439345094910/

viber_image_2019-11-25_16-57-595639.jpg

0