Во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Здружението на финансиски организации при Стопанска Комора и Fintechguardian, а во насока на промовирање и унапредување на дигитализацијата во осигурувањето, во просториите на Стопанска Комора на Македонија во Скопје , ќе се одржат настаните InsurHack Skopje и InsurTech Skopje,.
На 28-ми и 29-ти септември ќе се одржи InsurHack Skopje хакатонот посветен на осигурителната индустрија. Целта на истиот е запознавање на студентите со осигурителната индустрија и развој на креативни дигитални решенија за унапредување на работните процеси на друштвата за осигурување и посредниците во осигурување. Настанот ќе има натпреварувачки карактер , а најдобрите тимови ќе добијат награди од по 15.000 денари и имаат можност да ги презентираат своите решенија на настанот InsurTech Skopje (Повеќе информации за настанот InsurHack Skopje може да најдете на http://insurhack.aso.mk).
Ги охрабруваме заинтересираните студенти да се пријават за учество на настанот.
На 2 и 3 Октомври ќе се одржи настанот InsurТech Skopje, на кој се предвидени неколку Start up Pitch Sessions (претприемачи и start up компании од земјата и странство ќе презентираат дигитални решенија во функција на подобрување на процесите на осигурителната индустрија, а најдобрите три презентации ќе бидат наградени со по 1.000 евра), како и Insurtech конференција со учество на реномирани говорници и компании на полето на insurtech. (Повеќе информации околу настанот, говорниците, програмата и пријавување за учество може да најдете на: https://insurtechskopje.eu/)
Ги охрабруваме заинтересираните претприемачи и start up компании да се пријават за презентација на сопствените решенија на настанот. За вработените пак, во осигурителната и ИКТ индустрија, настанот претставува одлична можност за добивање на нови знаења, идеи и контакти за развој на својот бизнис.