Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Symantec, Veritas, Cisco, Corel, Microsoft, VMware, Citrix, Autodesk и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работна позиција: Инженер за техничка поддршка на ИТ системи.
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
1. Висока стручна подготовка- ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство), со или без работно искуство 2. Возачка дозвола (Б категорија) 3. Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен 4. Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи ќе се смета за предност 5. Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност. 6. Дополнителни обуки и усовршување ќе се сметаат за предност 7. Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност
Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите коишто го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови на
e-mail: jobs@smartsolutions.com.mk или по пошта на следнава адреса:
Smart Solutions бул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1 1000 Скопје
Почетната плата ќе биде соодветна на завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените дополнителни обуки.
Огласот трае 30 дена од денот на објавувањето.
Повеќе информации за компанијата може да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk