На 29-ти март, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ) го  одбележа својот осми роденден. 

На свеченоста, Деканот на ФИНКИ, професор д-р Иван Чорбев им додели дипломи на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2018-та година.

Министерот за образование и наука, Арбeр Адеми, заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, претседателката на Асоцијацијата на здруженија на инженери, Христина Спасевска и регионалниот менаџер на Мусала Софт се обратија на присутните и им доделија награди  и пофалници на 40 најдобри студенти на ФИНКИ кои имаат просек над 9,5.

5.png

8.png

3.png

 

0