1.Општи информации
Додипломските студии по Примена на информациски технологии имаат за цел обезбедување на врвен информатички кадар за задоволување на се поголемата побарувачка за информатички инженери кои покрај техничките знаења имаат и бизнис знаења и претприемачки дух. Овие студии ќе создаваат кадар кој ќе има знаење за алатките и принципите на раководење со проекти со значајно учество на информатичката технологија од една страна, но и примена на современи информатички алатки во процесот на управување со проекти или претпријатија од друга страна. Дипломците од овие студии кои ќе бидат способни да дадат поддршка на системите што во својата работа на апликативно ниво користат иновативни технологии.
2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите
2.1 Времетраење: 3 години (6 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии, насока Примена на информациски технологии
2.2 Времетраење: 4 години (8 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока Примена на информациски технологии
3. Наставна програма
Во наставната програма е предвидено да има 18 задолжителни предмети, 9 изборни на ниво на факултет и 3 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува тригодишни, односно 24 задолжителни предмети, 12 изборни на ниво на факултет и 4 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува четиригодишни студии.
Сите изборни предмети се поделени во три групи на тежина (Н1, Н2 и Н3). Правилата за изборност на предмети според нивото се дефинирани како:
- Број на предмети од Н1- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н1 не смее да надминува 6 кредити.
- Број на предмети од Н2- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н2 не смее да надминува 36 кредити.
- Број на предмети од Н3 – нема ограничување во бројот на избрани предмети од групата Н3.
Студентот може да избере и повеќе предмети од групата Н1 и групата Н2 од предвидениот број, но, во тој случај кредитите освоени за овие предмети не влегуваат во вкупниот број на кредити потребни за стекнување на дипломата. Положените предмети и освоените кредити ќе бидат дел од листата на положени предмети во уверението за положени предмети по завршување на факултетот.
Course | Credits | |
---|---|---|
Бизнис и менаџмент | 6.00 | Mandatory Courses |
Вовед во компјутерските науки | 6.00 | Mandatory Courses |
Дискретна математика | 6.00 | Mandatory Courses |
Професионални вештини | 6.00 | Mandatory Courses |
Структурно програмирање | 6.00 | Mandatory Courses |
Course | Credits | |
---|---|---|
Course | Credits | |
---|---|---|
Архитектура и организација на компјутери | 6.00 | Mandatory Courses |
Бизнис статистика | 6.00 | Mandatory Courses |
Маркетинг | 6.00 | Mandatory Courses |
Објектно-ориентирано програмирање | 6.00 | Mandatory Courses |
Course | Credits | |
---|---|---|
ИТ системи за учење | 6.00 | Elective courses |
Калкулус 2 | 6.00 | Elective courses |
Калкулус | 6.00 | Elective courses |
Компјутерски компоненти | 6.00 | Elective courses |
Креативни вештини за решавање проблеми | 6.00 | Elective courses |
Објектно ориентирана анализа и дизајн | 6.00 | Elective courses |
Основи на веб дизајн | 6.00 | Elective courses |