По успехот на двете изминати изданија, Францускиот институт повторно ја организира манифестацијата „Ноќ на идеите“ на заедничка тема „Моќта на креативноста“. Се работи за меѓународен настан, за една широка средба посветена на современата мисла и на споделување на идеите на светско ниво.
Во овој контекст, Францускиот институт во Скопје организира предавање и дебата на тема иновации, на која учество ќе земат:
- г-дин Оливје Крузе, педагошки директор на Школата 42, којшто ќе ја претстави оваа високообразовна установа, како и дигиталната трансформација во образованието. Тој, воедно, ќе го претстави и најголемиот европски стартап инкубатор Станица Ф,
- г-дин Волхан Салаи, единствениот студент од Македонија на Школата 42, кој работи во Станица Ф (видео презентација),
- проф. д-р Радмил Поленаковиќ, професор на Машинскиот факултет во Скопје, којшто ќе ја изложи ситуацијата со иновациите на домашен план, и
- г-дин Кристијан Данаиловски, ко-основач на најголемата македонска компанија за анимации и визуелни ефекти - FX3X
Модератор: г-дин Александар Стамболиев, претседател на Фондацијата „Проф. Д-р Димитар Стамболиев“
Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција Ноќта на идеите се организира во соработка со Машински факултет во Скопје, Електротехнички факултет, Факултет за информатички науки и Фондација „Проф. Д-р Димитар Стамболиев“
Attachment | Size |
---|---|
plakat_nuitdesidees.pdf | 541.38 KB |