Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) под мотото „Дојди, научи, создај!" успешно ги претстави своите студиски програми на отворениот ден при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Голем број на средношколци го посетија штандот на ФИНКИ и се информираа за условите, квотите и можностите на ФИНКИ. Заинтересираните ученици беа пречекани од професори и асистенти од ФИНКИ, како и претставници од Студентскиот парламент на ФИНКИ. Посетителите имаа можност да дознаат повеќе за предностите на Европскиот кредит трансфер систем, да бидат запознаени со дел од кадарот на Факултетот и неговите студенти, со бенефициите од дипломата која претставува синоним за успех и која ќе овозможува успешна кариера, како и системот преку кој е многу лесно да се учествува во пракса во земјава и странство. 

 

img_5663.jpg

Вистинска атракција за присутните беше и летањето на дроновите на ФИНКИ кои направија неколку фотографии од посетителите на Отворениот ден.

dji_0206.jpg

ФИНКИ во учебната 2017/2018 година ќе ги отвори вратите за повеќе од 900 средношколци кои ќе имаат можност да изберат една од понудените насоките на ФИНКИ: компјутерски науки и инженерство на македонски или англиски јазик, мрежни технологии, примена на е-технологии, компјутерска едукација, информатика и компјутерско инженерство или академски студии по информатика.

dji_0004.jpg

0