Заради вклучување на „Скопски автобуски хакатон“ во шеесет и вториот (UITP) Глобален самит за јавен транспорт 2017 на кој ќе се организира глобален хакатон натпревар и значајните измени во наградата за победникот како и дополнителните активности и значајни информации за спроведување на хакатонот, рокот за аплицирање е потребно да се продолжи до 01.11.2016 година.
Youth For Public Transport (Y4PT) Foundation, со поддршка на International Association of Public Transport (UITP) и нивните членови, организираат серија на локални хакатони за транспорт низ целиот свет, вклучувајќи информациски и комуникациски технлогогии за напредок на јавниот превоз.
Победникот/еден претставник на победничкиот тим, на секој локален хакатон ќе се сретнат во Монтреал, Квибек, Канада во рамки на шеесет и вториот (UITP) Глобален самит за јавен транспорт 2017-кој е најстариот и водечкиот настан кој ќе ги предизвика сите учесници на глобален хакатон да дојдат до најдобрите решенија.