18/10/2016
Македонски Телеком објавува можност за практична работа на проект за студентите на ФИНКИ и ги поканува да аплицираат. Праксата овозможува да се биде тимот кој работи на проектите кои се организираат во Контакт центарот, Продажните салони и Иновативниот центар на Македонски Телеком.
Потребно е да се одбере посакуваниот проект и да се поднесе пријава на истиот.
- Контакт Центар – ангажманот вклучува работа со дојдовни и појдовни повици поврзани со нова кампања и истражување на пазарот.
- Продажни салони – ангажманот се однесува на Christmas helpers за промовирање на нови кампањи и производи на компанијата, а воедно и помош на вработените во салоните околу новогодишните/празнични активности.
- Telekom Innovation Centar – промоција на нова и врвна технологија
Сите заинтересирани студенти своите CV-a да ги доставуваат на следнава e-mail адреса sonja.kargova@telekom.mk со назнака на кој проект аплицираат најдоцна до 23.10.2016 година.
1