РЕ-АКТИВ ДОО е софтверска компанија чиј главен фокус е развој на бизнис регистри. Во моментов ги повикуваме студентите на ФИНКИ кои се при крајот од своите студии и оние кои тукушто завршиле да аплицираат на следната отворена работна позиција: Специјалист за техничка поддршка.

ОДГОВОРНОСТИ

  • Одговарање на кориснички прашања и решавање на нивните барања
  • Документирање и анализа на кориснички проблеми
  • Редовно информирање и комуникација со корисниците за нивните барања
  • Следење на процедури и процеси
  • Пишување на техничка документација

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Аналитички способности и внимавање на детали
  • Брзо учење на нови софтверски решенија и системи
  • Мотивирана личност со одлични комуникациски и меѓучовечки вештини
  • Подготвеност за работа под притисок и рокови
  • Подготвеност за работа во тим
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Основно познавање на програмирање и SQL
  • Познавање на српски јазик се смета за предност
  • Претходно работно искуство на слична позиција се смета за предност

Вашата биографија заедно со мотивациско писмо испратете ги на career@reaktiv.com.mk

1