06/05/2016

Во рамките на отворениот ден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на 07.05.2016 година во 11:30 часот, ќе биде одржана презентација на опремата на факултетот пред идните студенти. Во рамки на презентацијата на опремата, ќе се изврши летање во рамките на универзитетскиот кампус со следните воздухопловни модели (дронови):
DJI S900
Phantom 3 Advanced
Покрај летањето, ќе биде одржана и кратка презентација за хардверските делови на дроновите, процесот на склопување на дроновите како и за практичната употребливост на дроновите во индустријата.
0