Државниот Универзитет од Тетово во соработка со  компанијата Google Inc. организира Hackathon, каде што студентите и компаниите од регионот ќе бидат во можност да се натпреваруваат со иновативни софтверски решенија!

 

На настанот свое излагање ќе има Margaret Fortney, претставник на Google Inc., која ќе ги објасни можностите кои се нудат од страна на оваа компанија за студенти, професори, универзитети и бизниси во областа на технологијата.

 

Исто така, добитникот на Google ЕМЕА стипендија од регионот, м-р. Мерита Каса Халили, ќе го открие нејзиното искуство во научната работа и учеството во работилницата организирана од страна на Google во Цирих, Швајцарија.

 

Добитниците на првите три места ќе добијат награди и сертификати кои ќе бидат доделени во амфитеатарот на Државниот универзитет во Тетово од страна на Ректорот, проф. д-р Вулнет Амети, а останатите учесници да добијат сертификати.

 

 

 Кој има право на учество?

  • Студенти на додипломски, магистерски и докторски студии. Групата треба да се состои од 2 члена.
  • Малите и средните претпријатија од регионот.

 

Како да се аплицира?

  • Испратете го името на учесниците, како и името на групата (ако станува збор за група)
  • Име на софтверското решение или проект
  • Краток опис на проектот и приказ на екрани од софтверот
  • Институции на учесниците

 

Краен рок за апликација е 22 февруари 2016 година (понеделник).

 

Сите апликации да бидат испратени на contact@finki.ukim.mk со наслов [Google Hackathon].

 

Деталите за програмата може да ги погледнете на официјалниот настан на Facebook.