Отворениот фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност (ORF-EE), имплементиран од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), заедно со Енергетската Заедница од Виена, организираат Летна школа 2016. Летната школа ќе се одржи во Тирана, Албанија во периодот помеѓу 3 – 10 септември 2016 година, а Универзитетот Полис е домаќин оваа година.

 

Школата е наменета за студентите на магистерски или докторски студии, младитe екперти/тки, истражувачи, невладиниот сектор, вработените во јавните институции итн. кои доаѓаат од регионот на Југоисточна Европа и пошироко. Тема на школата ќе биде енергијата и поврзани релевантни под-теми. Предавачи на програмата ќе бидат реномирани високо квалификувани експерти од Европската Унија и регионот. Партнер од Република Македонија во организација на настанот е Македонската Академија на Науки и Уметности преку Истражувачкиот Центар за Енергија и Одржлив Развој.

 

Организаторот ги покрива трошоците за учество на летната школа и сместувањето.

 

Краен рок за аплицирање е 31.03.2016.

 

Дополнителни информации во поглед на школата, можете да најдете во летокот приложен на овој маил и на следниот линк.

 

Се охрабруваат и сите девојки/жени да аплицираат за учество на програмата.