Услови
Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2022/23 година, право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат следниве основни услови и критериуми:
- завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит- трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС- кредити );
- завршени постдипломски студии на студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем;
- стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
- просечен успех од најмалку 8,00 (осум) на прв циклус студии и најмалку 8,00 (осум) на втор циклус студии, односно најмалу 8,00 (осум) за интегрирани студии;
- познавање на најмалку еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, или со соодветен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европски тестатори.