Услови

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2025/2026 година, право на конкурирање имаат кандидатите кои ги исполнуваат следниве општи услови:

  • да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии;
  • да имаат освоено 240 ЕКТС кредити доколку се пријавуваат за едногодишни магистерски студии;
  • да имаат освоено 180 ЕКТС кредити доколку се пријавуваат за двегодишни магистерски студии.

Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнуваат и специфичните услови утврдени со студиската програма за која аплицираат, доколку такви се предвидени.