16/10/2012

Почитувани,
рокот за упис на магистерски студии дефиниран во Конкурсот за упис на студенти во студии од втор циклус (магистерски) на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство е продолжен и ќе трае до 31.10.2012 година.
Кандидтатите за упис потребно е да ги достават следните документи:
- Пријавен лист за запишување
- Диплома за завршен прв циклус на студии
- куса биографија (CV)
- потврда за знаење странски јазик
- препораки од наставни или научни соработници (доколку има такви)
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат)
- документи за евентуални награди, признанија и други документи
Документите за упис се оставаат во општата служба на Факултетот, која што е лоцирана на приземје во деканатот на ФИНКИ (спроти зградата на Технолошко - металуршкиот факултет).