Нордеус, компанијата која стои зад играта „Top eleven - Be a football manager“, најпопуларната спортска онлајн-игра на светот, го организира 5-от по ред „Нордеус хакатон“, натпревар во брзо програмирање видео игри, ги повикува сите заинтересирани тимови и поединци да се пријават за учество. Овогодинешниот натпревар се одржува на 12 декември, а сите учесници ќе имаат можност да направат игра во рок од 24 часа во просториите на „Нордеус“ во Белград. Иако овој натпревар е иницијално осмислен како натпревар наменет за програмери на игри од сите нивоа на знаење, оваа година првенствено се повикуваат професионалнци од постоечките познати регионални и светски студија. Креативноста, тимскиот дух, снаодливоста и знаењето повтроно ќе бидат пресудни во пронаоѓањето на победникот за кој се подготвени најдобри и највредни награди до сега. Пријавата за 5-от по ред „Нордеус хакатон“ се одвива исклучиво преку овој линк. Пријавувањето трае до 23.11.2015. После пријавата натпреварувачите минуваат низ процес на селекција од страна на стручниот тим на Нордеус (претставници од HR, програмери и артисти) со цел да се одберат најдобрите натпреварувачи. На одбраните натпреаврувачи кои доаѓаат од други земји, Нордеус им ги покрива сите трошоци за пат и сместување во Белград. Исто така, за сите тимови е обезбедена потребната опрема и софтвер за време на натпреварувањето.