
Како дел од заедничката иницијатива помеѓу Министерството за Информатичко Општество и Администрација и Мајкрософт, ги покануваат студентите на ФИНКИ на Ден на отворени податоци – настан со кој се означува почетокот на Open Data Hackathon Натпреварот.
Со цел да се изврши промоција на овој проект, но и да ве запознаат со можностите каде и како да пристапите до отворените податоци, за размена на искуства, информации и идеи, поврзани со начинот на искористување на истите, ве повикуваат на 3ти јуни, во рамки на Seavus Education and Development Center (SEDC), да слушнете дел од предавањата и да учествувате во отворената дискусија планирана за крај на денот.
Учество на натпреварот може да земат индивидуални програмери, старт-ап компании, студенти (3/4 година студии).