
Што е Drupal? И колку е добар како платформа за управување на содржини? Овие прашања ќе бидат одговорени на првиот меѓународен Drupal Camp кој ќе се одржи во Скопје, од 2 до 3 мај на Факултет за информатички науки и компјутерски инженеринг (ФИНКИ). На кампот, македонските инженери и ентузијасти ќе имаат единствена прилика да научат нешто повеќе за можностите кои ги нуди овој моќен систем за управување со содржина, како и да отворат соработка со колегите од целиот регион.
Дводневиот настан е организиран од Drupal Community Macedonia и фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа, кои велат дека веќе постои критична маса за организирање на ваков настан. Во меѓувреме контакт на техничко ниво е воспоставен со програмерите од земјава кои веќе ја користат Drupal платформата и кои постепено почнаа да ја развиваат заедницата во Македонија.