Ве покануваме на првиот информативен состанок што ќе се одржи на 11.02.2015 со почеток во 10 часот во просториите на Центарот За Социјални Иновации (Барака 1, комплекс технички факултети). Доколку сакате да бидете дел од информативниот состанок и да дознаете како полесно да ја освоите наградата од 10,000 УСД пријавете се на формата за присуство:http://goo.gl/y5dANx

Принципот е прв пријавен прв услужен, затоа побрзајте да се пријавите и осигурајте го своето присуство на настанот. Во случај на голем број пријавени се надеваме да бидат обезбедени и дополнителни термини.

Климатски предизвик со наслов „Твојот град. Од тебе зависи“ од 9 декември 2014 e отворен за сите граѓани на Македонија. Предизвикот е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Амбасадата на Шведска, Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), невладината организација Milieu Kontakt и Центарот за социјални иновации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Генералниот секратар на Обединетите нации Бан Ки-мун вели дека климатските промени се најгорливото прашање на нашето време. Со овој предизвик, се покануваат граѓаните да помогнат во решавањето на ова прашање со доставување на иновативни проекти на тема:

    • Што можеме да направиме за да го намалиме нивото на емисии на стакленички гасови во градовите?
    • Како може подобро да се прилагодиме на климатските промени со кои што се соочуваме?
    • Како можеме подобро да ги искористиме паметните технологии за справување со климатските промени?

Двајца победници ќе бидат избрани од страна на експертска комисија. Секој од победниците ќе биде награден со 10,000 УСД. Од оваа сума, 1,000 УСД ќе бидат доделени во кеш (парична награда) а 9,000 УСД ќе бидат вложени за да се развие идејата во прототип. Поддршката ќе вклучува техничка поддршка, менторство и помош во идентификување на потенцијални партнери кои би можеле да бидат заинтересирани да го спроведат предложеното решение.

Сите граѓани можат да учествуваат на предизвикот со пополнување на електронската апликација, која е достапна на веб страната: http://odtebezavisi.mk.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 28 фебруари 2015 година.