13/09/2014

Alt Ctrl Game Jam – Скопје ќе се одржи од 13 до 22 септември. Настанот започнува со Game Jam на 13 и 14 септември, а понатаму онлајн ќе трае до 22 септември. Целта на настанот е промоција на креативноста и поинаква интеракција со видео игрите. Покрај настанот во Скопје –пријавете се тука – ќе се одржи Alt Ctrl настан и во Мелбурн, Копенхаген, Берлин, Монтреал, Лондон и Аархус . Организатори на настанот се Кристијан Трајковски, Мартин Пупков, Дајана Димовска и Џон Полсон.
Овој Jam пред се е да се биде креативен со контролите во игрите. Најголемиот број девелопери се ограничени со стандардните и вообичаени контроли: тастатура, маус, гејмпад. Целта на овој Game Jam е да се експериментира надвор од овие рамки. Затоа грабнете селотејп, леткум, некои резервни делови, електронски плочки како Arduino, стар контролер кој ви седи дома и креирајте го најдобриот контролер за вашата игра“, велат организаторите од Alt Ctrl Game Jam.
Настанот започнува со meetup и Game Jam со траење два дена, кои ќе се одржат во просториите на ФИНКИ. Тука учесниците ќе започнат со работа и ќе можат да добијат помош од останатите присутни и учесници и во идеален случај би ја завршиле играта. Сите кои нема да успеат да ја завршат играта и контролерот можат да завршат до 22 септември, по што ќе се разгледаат проектите и ќе се доделат наградите. Креаторите на првонаградениот проект ќе добијат Makey Makey Kit, копија на UNIDUINO PRO и едногодишна претплата на Unity. Исто така првата награда ке има уникатна прилика да биде изложена во Game Science Center во Берлин.