12/09/2014

Почитувани бруцоши, ни претставува особена чест да ве поканиме да присуствувате на првиот акдемски час за академската 2014/2015 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На настанот како гости свое обраќање ќе имаат Слаѓан Михајловски, претседател на управниот одбор на МАСИТ и сопственик на Infinite Solutions и Нино Карас, дипломец на ФИНКИ кој бил на престој на Бостонскиот Универзитет и сопственик на компанијата CodeWell.
Првиот час ќе се одржи во Кино Милениум на 15.09.2014 година, со почеток во 11:00 часот.