29/08/2014

Групацијата ЕОЅ е водечка финансиска компанија во Европа за откуп и наплата на побарувања и факторинг аранжмани, присутна во 27 земји со повеќе од 9000 вработени. ЕОЅ Матрих активно се вклучува во процесот на обучување на млади кадри, станува дел од тимот кој на младите луѓе уште во процесот на студирањето или по нивното непосредно завршување, им дава можност да се стекнат со практично работно искуство, како форма на реална подготвителна обука што понатаму би го олеснила и приближила процесот на нивно вработување, правејќи ги подготвени да се вклучат во реалните работни процеси.
Компанијата има потреба од практикант кој ќе работи на позицијата Java Developer. Практикантот ќе се стекне со одлични работни навики, ќе ги гради своите комуникациски способности, ќе стане дел од компанија која за свои клиенти ги има најголемите и најреномирани компании во земјата. Заинтересираните кандидати свое CV да испратат на jobsmk@eos-matrix.com. Позицијата за која се аплицира мора да биде дел од насловот.
Целосниот оглас можете да го најдете на овој линк[PDF].
ДОПОЛНУВАЊЕ: Огласот повеќе не е активен. EOS Matrix им благодари за интересот на сите заинтересирани кандидати.