28/05/2014

Clear View BTC заедно со ФИНКИ, Семос Едукација и Matrix Global во Скопје го носат Startup Grind, заедница за претприемачи поддржана од Google for Entrepreneurs. На овој настан присутните ќе може практично да научат како се прави успешен бизнис или производ, ќе имаат шанса да разговараат со најинспиративните и најуспешни претприемачи од Македонија, ќе можат да научат како да започнат сопствен бизнис и да најдат партнер или инвеститор за реализација на својата идеја. Настанот ќе се одржи на 3 јуни од 17.30 до 20.30 часот во просториите на Matrix Global во Скопје. Повеќе детали за пријавување и информации за настанот можете да погледнете во овој документ[PDF].