15/05/2014

Во организација на ФИНКИ и Лабораторијата за Роботика беше организиран семинар за роботика, Girls&Robots.
Семинарот се одржа од 14-17 април 2014 година во рамките на GirlsInICT иницијативата. Учеснички беа средношколки од неколку средни училишта од Скопје кои успешно и креативно ги програмираа хуманоидните роботи NAO.
На 8ми мај после извршената презентација на програмираните кореографии своите серификати за учество ги добија:
- Калина Трајаноска
- Ива Дамјановски
- Ангела Арсовска
- Елена Пишовска
- Дајана Стојчевска
- Михаела Коваческа
- Љубица Велковска
- Василија Јовчевска
Во иднина ФИНКИ ќе се труди да организира вакви настани кои ќе ги мотивираат младите девојки да ја изберат информатиката и технологијата како своја професија. Слики од настанот може да погледнете во прилог.