
Ги известуваме сите заинтересирани дека започнува новата иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), во рамките на која софтверски компании од ИКТ Комората на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и студенти од техничките факултети, ќе имаат можност да учествуваат на ИТ обуки, менторирани од страна на тренинг експерти од корпорацијата Intel, која претставува најголем американски мултинационален производител на полупроводнички чипови.
Претставниците од Intel ќе одржат обука за најдобрите начини за користење на HTML5. Обуката ќе биде поделена во два дела. Во првиот дел ќе се одржи презентација на најдобрите начини за користење на HTML5, водена од претставници на Intel. Презентацијата ќе се одржи на 11 април 2014 година во Музеј на ВМРО со почеток од 10:00 каде што регистрирањето на учесниците ќе започне од 09:30 часот.
Вториот дел се состои од развој на апликација во група до пет програмери, со можност за поддршка од Intel експерти. Натпреварот го организира МИОА. Секоја група чии членови ќе се пријават за обуката, ќе треба да изработи и постави јавно верзија и испрати изворен код од апликацијата на е-маил адресата
најдоцна до 09.05.2014.
По предавањето на сите апликации комисија составена од претставници од Intel и МИОА ќе ги оцени апликациите, а трите најдобри ќе добијат награди од Intel.
Десет студенти од ФИНКИ ќе имаат шанса да присуствуваат на овој настан. Сите заинтересирани студенти кои имаат основно познавање од областа на HTML и CSS технологиите потребно е да се пријават на webadmin@finki.ukim.mk, со Subject: За HTML5 обука, а како текст на пораката зошто би сакале да присуствувате на обуката. Пријавувањето трае најдоцна до 08.04.2014 година до 10:00 часот.