14/05/2014

Во Oдделот за развој на софтвер на канадската компанија Survalent Technology се отворени две практикантски позиции за студенти или дипломци на ФИНКИ. Времетрањето на праксата е 3 месеци, во кој период се добива надомест за храна и превоз. Практикантите кои ќе покажат одлични резултати во работењето, ќе бидат наградени финансиски и ќе имаат можност да добијат вработување. Фирмата изработува софтверски решенија за далечинско управување тн. Scada системи. Повеќе за праксата можете да најдете на овој линк[PDF].