
„Е-модули за хистопатологија: корисна онлајн алатка за студенти, истражувачи и професионалци –ХИПОН“, проект кофинансиран од програмата за доживотно учење на извршната агенција за образование, аудиовизуелна политика и култура на Комисијата на Европската унија влезе во својата втора година.
Проектот е воден од страна на Професорот Андреас Ц. Лазарис од Медицинскиот факултет на Националниот Кападостриан Универзитет во Атина, Грција, со партнери од Факултетот за медицина од Универзитетот во Загреб, Хрватска, Медицинскиот центар од Радбоунд Универзитетот од Холандија, Центарот за напредно истражување и развој во образовната технологија, (CARDET) од Кипар и Факулетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Универзитот „Св.Кирил и Методиј“ од Македонија. Основната идеја на проектот е да се пренесе искуството што го имаат експертите по патологија на студентите по медицина, патолозите кои се обучуваат и професионалците со помош на онлајн платформа преку достапната модерна технологија (како што се виртуелни слајдови, едукативни видеа и комуникациски медиуми).
Во првата година од започнувањето на проектот, откако беше изработена анализа на потребите, платформата Мудл (Moodle) беше избрана како платформа за имплементација на ХИПОН, по што беше дизајнирана конкрентната архитектура на системот. Партнерите од Грција, Хрватска и Холандија со помош на патолози од Македонија започнаа со изработка на содржина за курсевите по општа патологија и системска патологија. Содржината се состои од краток вовед, примери на реални случаи и прашања поврзани со слики за секое поглавје. Паралелно, изработено е и виртуелно портфолио кое содржи слики, ресурси и линкови како и терминолошки речник.
Проектот ХИПОН беше презентиран за време на 25-от Европски конгрес за патологија, одржан во Лисабон, во почетокот на септември 2013 година, со предавање под наслов 'ХИПОН - нова интерактивна платформа за учење наменета за студенти, истражувачи и професионалци' и со постер насловен 'Е-модули за хистопатологија: значајна онлајн алатка наменета за студенти, истражувачи и професионалци - проект ХИПОН'. Пред овој конгрес, беше одржан вториот конзорциумски состанок каде што сите партнери презентираа што е сработено и се договоријаза детална временска рамка околу понатамошните чекори во врска со развојот на содржината и нејзината имплементација на онлајн платформата.
На почетокот на оваа година, која што е година на коњот во Кина, одредени поглавја се веќе комплетно завршени, фазата на интерно тестирање е во тек со избрани учесници од земјите на секој од партнерите, кои исто така ќе учествуваат во почетната фаза на тестирање на ХИПОН платформата, додека останатите поглавја се во завршна фаза.