Компанијата Marek Engineering објавува отворен конкурс за работа и ги повикува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
 
 
Marek Engineering, лидер во развој на „ЕRP“ софтвер има две отворени работни места на позиција програмер.
 
Кандидатот ќе биде задолжен за развој на решенија за усовршување на постоечкиот софтвер, дел од тимот за дизајн и развој на софтвер, дел од тимот во процесот на имплементација на софтвер, дел од тимот за контакти со клиенти и дефинирање на функциски барања, учество во процес на оптимизација на софтвер и бази на податоци и изработка на техничка документација.
 
Кандидатите потребно е да имаат работно искуство во развој на софтвер(минимум 1 година), диплома од областа на компјутерските науки, познавање на Borland Delphi, основни познавања на бази на податоци (пожелно MS SQL сервер), одлично познавање на англиски јазик (пишување и читање) и да бидат тимски играчи со одлични комуникациски способности. Пожелно е познавање на ERP системи.
 
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV со фотографија на кандидатот на   '; // -->

'>

.

 
Подетални информации можете да добиете на телефон +389 2 3063 517 .