Компанијата Polar Cape објавува отворен конкурс за работа и ги повикува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
 
Polar Cape е Шведска компанија која има отворено претставништво во Македонија од каде нуди ИТ решенија за своите интернационални клиенти. Polar Cape се специјализира во областа на Системска интеграција и Busines Support Systems и работи на имплементација, тестирање и поддршка на системи кои се користат во Телеком, Финансиски сектор како и интернационални компании кои работат со трговија на мало.
 
Компанијата има две отворени работни места на позиција java и web junior developer, со можност подоцна да работат и со Test Automation софтвер.
 
Кандидатите потребно е да имаат познавање од Java, CSS, HTML5, Javascript, CMS системи (препорачливо Wordpress), одлично говорење и пишување на англиски јазик. Како плус ќе се смета познавање на Test Automation, како и развој на iPhone и Android апликации.
 
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV на jobs_mk@polarcape.com.