Иницијативата Македонија 2025 ги поканува сите заинтересирани студенти на ФИНКИ да бидат дел од работилницата за развој на претприемништвото која ќе биде одржана во рамките на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија 2013. Со цел да им се укаже можност и на младите да земат учество во дел од активностите на Самитот, Македонија 2025 организира работилница за развој на претприемништвото на 08.10.2013 година од 10 до 12 часот во Мулти Бизнис Центарот на Скопскиот саем.

На овој настан во функција на говорници ќе се појават: Мајк Зафировски, Мајкл Арсов, Зоран Мартиновски, Џон Битов, Камран Озаир, Карло Марија Розото, Крис Павловски, Емил Христов и Гери Сворт (TBC).

Присуството на работилницата се регистрира со праќање на e-mail со контакт информации (име и презиме, телефонски број и e-mail) најдоцна до 27.09.2013 на jordanka@macedonia2025.com. Учеството на работилницата е бесплатно, а истата ќе се одвива на англиски јазик. Повеќе детали за работилницата можете да најдете на веб страната на Македонија 2025 или на овој линк.