Објавени се прелиминарни ранг листи од вториот уписен рок на ФИНКИ за академската 2013/2014 година. Ранг листите можете да ги најдете на Порталот за идни студенти на ФИНКИ во делот Документи - Втор уписен рок - Резултати - Прелиминарни ранг листи.

По објавувањето на прелиминарната ранг листа на кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 10.09.2013 од 15:00 часот, може да се достави приговор за технички пропусти. Приговорите се поднесуваат најдоцна до 11.09.2013 година до 14:00 часот.

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образецот кој може да се подигне на шалтерот на службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Службата работи секој работен ден од 08:00–14:00 часот.