10/09/2013

Објавена е листа на кандидати за упис на ФИНКИ од вториот уписен рок на додипломски студии во академската 2013/2014 година. Листата можете да ја најдете на Порталот за идни студенти на ФИНКИ во делот Документи - Втор уписен рок - Резултати - Резултати од успех од средно образование. Календарските активности за уписите можете да ги погледнете на почетната страна на Порталот за идни студенти.
По објавувањето на прелиминарната ранг листа на кандидати за запишување во прва година, може да се достави приговор за технички пропусти. Приговорите се поднесуваат најдоцна до 10.09.2013 година до 14:00 часот.
Техничките пропусти се однесуваат на: печатна грешка на лични податоци, печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање или редослед на студиски програми, погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)
Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во просториите на ТМФ, приземје.
Студентската служба на ФИНКИ работи секој работен ден од 08:00–14:00 часот.