Објавени се прелиминарни ранг листи од првиот уписен рок на ФИНКИ за академската 2013/2014 година. Ранг листите можете да ги најдете на Порталот за идни студенти на ФИНКИ во делот Документи - Прв уписен рок - Прелиминарни ранг листи.
 

По објавувањето на прелиминарната ранг листа на кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 22.08.2013 од 20:00 часот, може да се достави приговор за технички пропусти. Приговорите се поднесуваат најдоцна до 23.08.2013 година до 14:00 часот.

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образецот кој може да се подигне на шалтерот на службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Службата работи секој работен ден од 08:00–14:00 часот.