27/06/2013

Асоцијацијата ИКТ-АКТ објавува оглас за волонтери за техничка и организациска поддршка за конференцијата ICT Innovations 2013. ICT Innovations 2013 е петта интернационална конференција во организација на Асоцијацијата ИКТ-АКТ. Оваа година таа ќе се одржи во периодот од 12-ти до 15-ти септември во Охрид и се очекува дека ќе има околу 200 учесници.
Асоцијацијата бара млади и динамични луѓе кои ќе помогнат во периодот пред, и за време на одржување на конференцијата.
Работните обврски ќе бидат административни (организација и реализација на регистрацијата на учесниците) и технички (техничка поддршка при одржувањето на сесиите).
Во текот на август и септември 2013 година, избраните волонтери ќе бидат повикани во неколку наврати: тренинг за регистрација, тренинг за техничка поддршка, подготвување на настанот, реализација на настанот.
Волонтерите ќе можат да добијат и потврда за реализирана задолжителна професионална пракса.
На избраните волонтери ќе биде обезбеден превоз и сметување во Охрид. Тие ќе имаат право да присуствуваат на сите конференциски настани.
За да се пријавите како волонтер на конференцијата, испратете Ваша кратка биографија и кратко мотивациско писмо на англиски јазик (неговото познавање е задолжително затоа што тоа е официјалниот јазик на конференцијата) во кое ќе објасните зошто сакате да бидете волонтер за конференцијата на елетронската пошта.
Повеќе за конференцијата може да видите на http://ict-act.org.