Државниот испитен центар оваа година има отворени места за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат за практикантски места во текот на месец април.
 
Во текот на изведбата на праксата, студентите ќе имаат можност да се запознаат со реални web системи кои функционираат и се доградуваат, и ќе можат да стекнат искуство во работа на реални проекти кои тековно се изведуваат во Република Македонија.
 
Праксата подразбира флексибилно работно време.
 
Практикантите ќе добијат надомест за трошоци во висина од 6000 денари месечно за полно работно време, како и потврда за завршена практична работа.
 
Услови:
Кандидатите за пракса треба да ги исполнат следните услови:
  • да се студенти на ФИНКИ;
  • да не се вработени;
  • да поседуваат солидни комуникациски способности. 
Одговорности:
Примените практиканти ќе ги имаат следните задачи:
  • да работат во тим;
  • да учествуваат во изработка/одржување на web системи;
  • да учествуваат во процесот на имплементација на системот за електронско екстерно тестирање 
Заинтересираните кандидати можат да се пријават eksterno@dic.edu.mk, со назнака за пракса. Рок за пријавување е од 03.04.2013 до 10.04.2013 година.