11/03/2013

Во период од 18 - 21 април 2013 година, ќе се одржи јубилејната 10-та Конференција за информатика и информатички технологии - CIIT 2013, во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во работата на Конференцијата ќе учествуваат околу 80 научни работници од земјава и од странство.
Повеќе информации за Конференцијата може да најдете на следниов линк или преку контакт на e-mail адресата ciit@finki.ukim.mk.
Во рамки на Конференцијата ќе се одржи специјална студентска сесија на која ќе бидат презентирани најдобрите студентски проекти кои ќе бидат одбрани од комисијата за студентски проекти.
По тој повод ФИНКИ ги поканува своите студенти да се пријават за учество на Конференцијата. Пријавите треба да се достават до д-р Сашко Ристов нa e-mail адресата sashko.ristov@finki.ukim.mk најдоцна до 01 Април 2013.
Пријавата треба да содржи:
Subject: Proekt CIIT 2013
Body: име на проектот и учесници
Attachment: пополнета пријава која е дадена во прилог.
Доколку се пријават погoлем број проекти, комисијата го задржува правото пред објавување на конечната листа на одбрани студентски проекти да повика претставници од проектите истите да ги презентираат пред комисијата.
На 06.04.2013 ќе биде објавена конечната листа со имињата на проектите кои ќе учествуваат на CIIT 2013.
ФИНКИ обезбедува превоз и сместување за по еден претставник од секој студентски проект одбран за презентација на специјалната студентска сесија на CIIT 2013.
Крајниот рок за достава на трудови за конференцијата е 20.03.2013.