Почитувани студенти, Факултетот за компјутерски и комуникациски науки од Лозана, дел од Ecole Polytechnique Fédérale de Lausanne во Швајцарија и оваа година објавува отворен конкурс за летна пракса. На конкурсот можат да се пријават студенти од 3-та и 4-та година на додипломски студии, како и студентите на магистерските студии на ФИНКИ. Рокот за пријавување на апликанти е до 03.02.2013 година. Во 2012 година на летната пракса беа пријавени 520 студенти, каде што од примените 30 студенти двајца беа од Македонија. 
 
За подетални информации посетете ја официјалната веб страна на конкурсот.