30/01/2013

Повторно се докажа квалитетот на наставниот кадар на ФИНКИ. Професор д-р Марјан Гушев и асистент д-р Сашко Ристов се прогласени како двајца од десетте научници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои во календарската 2012 година покажале врвни резултати во научноистражувачката дејност.