09/11/2012

На 08.11.2012 системот за пресметување со високи перформанси (HPC) на ФИНКИ беше презентиран пред бизнис заедницата на Македонија. Во изработката на суперкомпјутерот, поставен во Лабораторијата за пресметување со високи перформанси, се вложени милион евра. Во неговото конструирање учествуваа тимови од ФИНКИ и компаниите Неоком и HP.
Цел на настанот е преку досегашното искуство и достапните ресурси на ФИНКИ, да се подигне свеста за можните примени за пресметувањето со високи перформанси во науката, истражувањата и индустријата.
Според министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, кој воедно беше гостин на настанот, пресметувањето со високи перформанси се повеќе станува движечка сила не само на современиот научен развој и истражување, туку и на економијата во целост.
Системот за пресметување за брзи перформанси може да го користат сите кои што имаат потреба од ваков систем. Повеќе детали за HPC системот можете да добиете на веб страната на лабораторијата за пресметување со високи перформанси.
Подолу можете да видите фотографии од презентацијата.