Компанијата Katana IT Solutions објавува отворен конкурс за практична работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе детали за огласот можете да најдете во текстот што следува.
 

Компанијата Katana Solutions ги поканува заинтересираните студенти од ФИНКИ да учествуваат во нивната овогодишна програма за пракса за која ќе добијат месечен надомест. Во рамките на двомесечната пракса, студентите ќе имаат можност да се запознаат со најнови технологии (од информациони системи, до напредни комуникациски технологии и серверски апликации), ќе можат да стекнат искуство во работа во вистински тим, на реални проекти кои тековно се изведуваат во компанијата.

Услови
Кандидатите за пракса треба да ги исполнат следните услови:

  • да ги имаат ислушано сите предмети од последната година на студии;
  • Linux, Python, MySQL, PHP
  • одлично познавање на англиски јазик;
  • солидни комуникациски способности;

Одговорности
Примените практиканти ќе ги имаат следните задачи:

  • да работат во тим;
  • да учествуваат во изработка/одржување на информациони системи;
  • да учат и применуваат нови технологии;
  • да покажат колку се способни да ги извршуваат професионалните задачи;

Пријава
Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV и мотивационо писмо преку e-mail на hr@katanasolutions.ca или да се јават на 071-902-499.

Првиот рок за пријавување е 25.10.2012 година.