14/09/2012

Македонската академска и истражувачка мрежа, МАРНет, објавува оглас за волонтери и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за огласот можете да видите во текстот што следува.
Со цел укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да конкурирате на пазарот на трудот, МАРнет овозможува волонтирање за заинтересираните студенти. На ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство („Сл. весник на РМ“ бр. 85/07 и 161/08) најмногу до 15% од просечната месечна плата во република Македонија исплатена во претходната година. По завршување на волонтирањето, МАРнет не презема обврска за вработување на волонтерите.
Заинтересираните кандидати да достават писмо за интерес, кратка биографија и копија од диплома за завршен факултет за информатички и електротехнички науки или потврда за освоени 180 кредити, најдоцна до 25.09.2012 година на eva.nestorovska@marnet.mk. Повеќе детали во врска со работната позиција можете да добиете со праќање email до истата адреса.
Потребни квалификации на кандидатите:
- развој на веб апликации
- дизајн и управување на бази на податоци