Почитувани матуранти, објавен е списокот на пријавени кандидати на ФИНКИ од вториот уписен рок за учебната 2012/2013 година. Истиот можете да го најдете на Join, порталот за идни студенти на ФИНКИ, во делот Документи - Втор уписен рок.
 
 
 
 
 
 

Постапка за поднесување на приговор на објавена листа на пријавени кандидати

05.09.2012, 14:00 до 06.09.2012, 14:00

По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, во рок од 24 часа, почнувајќи од 05.09.2012 од 14:00 часот , може да се достави приговор за технички пропусти.

Техничките пропусти се однесуваат на:
Печатна грешка на лични податоци
Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање или редослед на студиски програми
Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на следниот образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во просториите на ТМФ, приземје.

Студентската служба на ФИНКИ работи секој работен ден од 08:00–14:00 часот.

Со почит,

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје